Третата светска војна би била крај за цивилизацијата, рекол рускиот претседател Владимир Путин на годишната телевизиска “директна линија” со граѓаните. Според неговите зборови, тоа мора да го сфатат сите и тоа е тоа што би требало да ги натера да престанат со судирите.
“Третата светска војна би значела крај за цивилизацијата и затоа мора да ги сопреме конфликтите”, рекол Путин.
Како што објаснил, стравот од взаемна деструкција, како и стратешкото парирање, ги натерале светските сили да се почитуваат меѓусебно од крајот на Втората светска војна.
Путин потоа ги повикал светските сили да се повлечат од глобалните судири и рекол дека треба сите да седнат зад преговарачката маса и заедно да најдат решение кое ќе ја гарантира европската безбедност.
“Не знам со што ќе се води Третата светска војна, но четвртата ќе се води со стапови и камења”, рекол Путин, цитирајќи го научникот Алберт Ајнштајн.
“Американското повлекување од антибалистичкиот договор е обид да се скрши стратешкиот паритет, но ние имаме одговор на тоа: модерните системи на нашето оружје кои се веќе распоредени – тие ќе го одржат тој паритет”, рекол Путин.
Русија ја гледаат како закана
Зборувајќи за санкциите кои Западот и ги вовел на Русија, Путин рекол дека САД се однесуваат како “економски полицаец”.
“Далу ЕУ чека дозвола од САД да ги укине антируските санкции”, се запрашал тој.
На прашањето зошто светот не сака да го слушне гласот на Москва, тој рекол дека тоа е начин да се ослабе Русија.
“Во Русија гледаат закана, гледаат дека Русија станува конкурент”, рекол Путин.

Како што рекол, тоа е погрешна политика и истакнал дека соработка би довела до економски раст ширум светот и дека западните партнери полека почнуваат тоа да го сфаќаат.
Тој зборувал и за тоа дека руските компании трпат санкции во странство и дека притисокот од западните земји води до тоа да се губи доверба во нивните економски политики.
Путин во текот на емисијата се воздржал да зборува кога односите со Западот би можеле да се подобрат и истакнал дека Москва мора да ги штити своите интереси.
“Не можам да ви дадам точна временска рамка, но можам да ги објаснам условите за тоа. За Русија е јасно дека мораме да ги заштитеме своите интереси и тоа го правиме секогаш, без груби и необични методи, но мораме да ги заштитеме нашите интереси во сферите на економијата и безбедноста”, рекол Путин.
Мешањето во американските избори е глупост
Путин повторно ги отфрлил обвиненијата дека Кремљ се мешал во американските претседателски избори. – Тоа е тотална глупост – рекол тој.
Запрашан да раскаже што е најсмешното нешто што го слушнал во последно време, тој навел дека го насмеало тоа што германските медиуми пишувале дека Трамп ја турка Европа во рацете на Русија.
Случај Скрипал?
Зборувајќи за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, Путин рекол дека Москва сака да стапи во контакт со нив откако биле пуштени од болница.
Два милиони прашања за Путин
На претседателската адреса пристигнале речиси два милиони прашања. Станува збор за 16. “директна линија” со Путин, која по неколку работи се разликува од досегашните. Путин одговара на прашања на граѓаните кои се однесуваат на социјално-политичкиот и социјално-економскиот живот во земјата, но и за меѓународата ситуација.

Граѓаните можат да му постават прашање на Путин прееку телефон, СМС порака, преку веб страна или преку посебна апликација на мобилен, преку руските социјални мрежи, преку пишана форма и во видео-обраќање.