Шесто издание на Скопје стрит фестивал во Градскиот парк

1127

Во Градски парк попладне од 17 часот ќе почне 6. Скопје стрит фестивал кој ќе се одржува викендов.

– Фестивалот година вклучува пет стејџа: графити, стрит бол помеѓу познати скопски кафулиња, денс стејџ, музички стејџ, Ќе има креативни, забавни и едукативни концепти, врзани на една платформа која урбано го буди Скопје. Ќе имаме можност да ги видиме Фанк Шуи, САФ со 20 години Скопска ситуација и виртуозниот продуцент Кирил Џајковски заедно со МЦ Давид Лион. Програмата е надополнета со супер листа на македонски диџеи меѓу кои: Чваре, Маци, Флудер, Мартин Војдановски, Страјк, соопштија организаторите.

Скопје стрит фестивал во изминатите шест години беше домаќин на повеќе од 200 артисти од Македонија, регионот и од светот.