Рускиот претседател Владимир Путин, рекол денес дека Русија ќе порача нова оружје какво, нема да има никаде во светот.
Американската агенција наведува дека рускиот претседател на состанокот со високите воени офицери и полициски службеници, рекол дека “Русија не се заканува на никого и строго се придржува на своите обврски во областа на меѓународната безбедност и контрола на вооружувањето”.
Истовремено, рускиот претседател најавил дека руските арсенали ќе бидат модернизирани за да се обезбеди заштита од било какви потенцијални закани.

Путин тоа го рекол истиот ден кога НАТО во Норвешка ги започнал најголемите воени вежби од завршувањето на Студената војна, со околу 55.000 припадници на воените сили.
Американската агенција нагласува дека најавата на Путин уследила откако американскиот претседател Доналд Трамп соопштил дека има намера да ги исклучи САД од договорот за контрола на нуклеарното вооружување од 1987. година, како што навел, поради руското кршење на пактот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рекол дека Путин денес со постојаните членови на националниот Совет за безбедност разговарал за прашањата за стратешката стабилност во светлото на плановите на САД за повлекување од Договорот за нуклеарните сили со среден дострел, пренесува “TASS”.
