ПСЖ прави моќен тим, го договори и Донарума

109

Францускиот тим по загубата на титулата во француската лига 1 како и елиминацијата во полуфиналето во ЛШ, започна со реконструкција на екипата и веќе успеа да го украде Жоржињо Вајналдум на Барселона, а сега е наоѓа на чекор од ангажман на голманот на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Донарума.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо пренесува дека ПСЖ се наоѓа во завршна фаза во преговорите со поранешниот голман на Милан и дека последната понуда изнесува петгодишен договор кој ќе му носи 12 милиони евра по сезона.
Скај спорт Италија отиде чекор подалеку и тврди дека работата е завршена и еден од најдобрите голмани на светот, наскоро ќе стави потпис на договорот.

Донарума моментно се наоѓа на завршни подготовки со италијанската репрезентација пред настапот на ЕП, а се очекува лекарските прегледи да ги одработи во Фиренца во наредните денови
Голманот на 30 јуни ќе стане слободен играч бидејќи не најде заеднички јазик со Милан, а најконкретен е ПСЖ кој планира да состави моќен тим со кој ќе ги нападне сите трифеи наредната сезона.