Смешен момент од вчерашниот натпревар: Тренерот на Монтереј бараше црвен картон за Гомеш, Клоп му возврати со урнебесна гестикулација

194

Екипата на Ливерпул важеше за огромен фаворит на натпреварот против Монтереј во полуфиналето од Светското клупско првенство, но со многу мака и тешка победа од 2:1 успеа да стигне до финалниот натпревар.

Натпреварот изобилуваше со добри шанси и фудбалска тензија, а еден навистина интересен момент се случи покрај аут линијата кога се кошнаа двајцата тренери.

Имено, тренерот на Монтереј Рикардо Антонио Матијевиќ побара црвен картон за Гомеш по еден поостар прекршок, а тоа не му се допадна на Јирген Клоп кој се сврти кон Матијевиќ и ги имитираше неговите гестикулации. Фотографиите од овој настан веднаш ги обиколија социјалните мрежи..