Првите искри се појавија во Минхен: Левандовски бесен на „стратегот“ по елиминацијата

795

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, не е задоволен од елиминацијата во осмифиналето во ЛШ, а за тоа меѓу редови, низ изјавата која ја даде, како виновник го посочи Нико Ковач.

Тренерот на Баерн по мечот потенцираше дека биле оправдано елиминирани бидејки противникот бил подобар, но во тоа неможе да се согласи Левандовски.

Полјакот смета дека биле премногу дефанзивни и дека така не се победува во ЛШ, што директно го обвини Нико Ковач.

Во Англија не ризикувавме воопшто, не се обидовме да постигнеме гол. Сега исто така во Минхен, не бевме офанзивни воопшто, немавме многу шанси. Игравме на домашен терен, но не ја игравме нашата игра, тоа беше наш основен проблем, бевме премногу дефанзивни, затоа што водеше противникот. Лут сум поради тоа, знам дека можевме подобро“.

„Сега мора да одиме напред, што е тука е, имаме многу мечеви од Бундеслигата и Купот на Германија“, нагласи Левандовски.