Протести против апсењето на Навални во Русија: Демонстранти излегоа на улиците

641

Во градови ширум Русија денеска се закажани протести во знак на поддршка на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални кој минатата недела беше уапсен откако се врати во земјата.

Луѓето веќе излегоа на улиците на Далечниот исток, а руските медиуми пренесуваат дека има поголем број на уапсени.

Навални откако беше уапсен по пристигнувањето во Москва, ги повика неговите поддржувачи да излезат на протест против руската владеачка елита.

Руските власти упатија силни предупредувања за организаторите на протестите кои не ги добија потребните владини дозволи за организирање на протест.