Проститутките во Франција имаат само еден од овие два избора за време на полицискиот час

161

Француските проститутки се принудени да одберат меѓу две зла – да се заразат или да умрат од глад. Освен тоа, многу од нив мора да платат казни, бидејќи движењето по градот е забрането, вели за Sputnik Анаис Де Ланкло, проститутка и прес-секретар на синдикатот на сексуалните работници во Франција (STRASS).

Проституцијата во Франција е дозволена, а давачите на сексуални услуги се потчинуваат на истите закони како и сите останати – седат во карантин за да го заштитат своето и здравјето на своите клиенти.

“Наеднаш се најдовме во безизлезна ситуација”, за многу од нас карантинот значи дека немаме пари да платиме стан или да купиме леб. И претходно немавме сигурна иднина, но тоа што се случува сега е вистинска катастрофа. Некои мои колешки кои живееја по хотели сега се без кров над глава” вели една проститутка.

Скандалот во Европа избил уште од средината на март, кога во Шпанија поради вирусот официјално бил затворен Ел Парадисе, еден од најголемите бордели на стариот континент. Сите вработени биле исфрлени на улица.

Тие не можат да се придржуваат на правилата за социјално дистанцирање и да работат, а многу од нив се грижат и за своето здравје. Оние кои се вратиле на работа работат во небезбедни услови – сите знаеме како се пренесува вирусот.

“Во Франција правниот статус на сексуалните работници е многу сложен – според закон имаме право да работиме, да се пријавиме и да плаќаме данок. Меѓутоа, немаме никаква социјална заштита и со самото тоа никаква помош за невработени”, изјавила Анаис.

Од почетокот на падемијата, STRASS и другите организации собирале средства за помош на колегите, меѓутоа тие пари се далеку потребни за опстанок. Од државата не дошла никаква помош.

“Сексуалните работнички не се заштитени како останатите. Тоа е недопустливо. Државата не даде одговор на ситуација која самата ја создаде, а која е во нејзината зона на одговорност. Кога воведоа карантин, мораа да се грижат за сите категории на жители”, револтирано вели мадам Де Ланко и додава во Германија сите пријавени сексуални работнички од државата добиле официјално писмо со барање за помош, како и сите останати вработени.

Од април 2016-та во Франција на сила е закон според кој клиентите на проститутките можат да се казнат со 1.500 – 3.750 евра, што доведе до намалување на бројот на клиентите. Анаис нагласува: “Од тој момент нашите услови се се понестабилни и тоа нам не ни дозволува да имаме заштеда ако ни се случи нешто и направиме пауза во работата”.

Од Федерацијата “Црвен чадор”, која обединува најмногу асоцијации на сексуални работници, предложуваат работниците од оваа сфера да се ослободат од казните за нарушување на карантинот.

“На работа можат да одат оние кои не можат да работат од дома, а полицијата сепак ги стопира и проверува проститутките. Ако мора да платат казна, ќе мора и повеќе да работат. Ако државата не им даде никаква парична помош, би можела барем да ги ослободи од казни”, велат од Федерацијата.