Поранешната германска проститутка Дерја О. моментално се наоѓа во притвор во Германија поради нејзината поврзаност со терористите. Таа откри дека се омажила за борец на Исламската држава и дека нејзината прва брачна ноќ била во просторијата за измачување на заробениците.
Дерја потекнува од семејство со турско потекло кое што живее во Германија. Како што раскажува самата, уште како млада „имала лошо друштво“. На интернет го запознала Марио Сканиманик, Германец кој го прифатил Исламот.
Тој ѝ раскажал дека ја прифатил „вистинската вера“ и исто така ѝ кажал дека морал да го напушти своето куче затоа што во Исламот кучињата се сметаат за нечисти. Потоа се преселил во Сирија, а кога ѝ кажал дека не е оженет, Дерја му предложила дека би било добро двајцата да се венчаат.
Два месеци подоцна, таа ја напуштила Германија и отпатувала во Турција, од каде што заминала за Сирија.

„Кога го видов Марио прв пат во воена униформа со брада и оружје, изгледаше многу добро“, раскажува Дарја и потоа открива како ја поминала првата брачна ноќ.
„Не сместија во соба која што служеше како просторија за измачување. Таму ланци висеа од таванот и имаше крв на ѕидовите. Беше многу страшно“, вели таа која што додава дека „немала премногу заедничко со изопачената верзија на Исламот која што ја практикувале џихадистите на Исламската држава“.
Таа подоцна заедно со својот сопруг се преселиле во Ирак каде што го добиле првиот син. Сепак, после многуте расправии и караници, таа се разделила со џихадистот и добила понуда за брак од раперот Денис Кусперт, еден од најпознатите терористи на Исламската држава со германско потекло. Меѓутоа, таа одбила да се омажи за него и прифатила да биде втора жена на еден од командантите на ИСИС, Абу Салахудин со потекло од Белгија.
„Често доаѓаше во нашиот дом, беше многу добар. Се беше добро додека не беше повреден со нападот на дрон. Од последиците на тој напад почина два месеци подоцна. Боже, имам лоша среќа со мажите. Сите кои се околу мене умираат.
Потоа таа му се вратила на првиот сопруг кој бил набрзо потоа обвинет од исламистите дека е шпион. Дарја потоа успеала да побегне и Турција во 2017-та година ја екстрадирале во Германија каде што се наоѓа во притвор како една од петте германски државјани кои што ја напуштиле Германија за да заминат во Сирија на страната на џихадистите.