Прочистување на телото со ориз: Од телото се исфрлаат слузта и отровите, а килограмите сами исчезнуваат

1230

Чистењето на телото со ориз се прави еднаш годишно, и тоа најдобро е да биде напролет

Терапијата чистење на телото со ориз се користи за да се исфрлат од организмот наталожените соли, во случај на болести на урогениталниот систем. Помага за забрзување на метаболизмот, ги елиминира токсините од организмот, ја намалува тежината, а на телото му ја враќа енергијата.

Оваа терапија го намалува отекувањето на телото, ја олеснува работата на бубрезите и црниот дроб.

Прочистување на телото со ориз

Потребни се: 4 шолји кафеав ориз (иако може да ви послужи и бел ориз)

Постапка:
  • Првото утро се сипуваат 2 лажици ориз во тегла, во која се става чиста, ладна вода (прво измијте го оризот). Поклопете го садот со крпа за да не се извалкаат оризот и водата. Ставете ја теглата на полица или покрај прозор.
  • Вториот ден, исцедете го оризот, измијте го, па повторно сипете вода и оставете го да стои на полица. Ако ви е многу топло дома, мора да го миете оризот и два пати дневно, за да не се закисели. Потоа, во друга тегла, ставете две лажици ориз, па потопете го во ладна вода и оставете го до утредента.
  • Третиот ден, измијте го оризот од првата и втората тегла, па земете и трета тегла и во неа ставете ориз (2 лажици) и вода.
  • Четвртиот ден, измијте го оризот од трите тегли, па земете четврта тегла и во неа потопете 2 лажици ориз.
  • Петтиот ден, измијте го оризот од првата тегла, па сварете го за појадок. А во нова тегла, ставете свеж ориз и сипете вода, па ставете го зад четвртата тегла.

Овој процес трае од 40 до 45 дена. Оризот се вари многу кратко за да добиете каша. Може да јадете и жив ориз, кој бил потопен во вода за време на цели четири дена.

ФОТО: Shutterstock

Појадокот треба да се состои од овој ориз, без сол и шеќер или путер. Половина час пред појадокот испијте чаша вода. По појадокот, 4 часа не смеете да јадете и пиете ништо.

По 2-3 часа може да почувствувате голем глад, но не е дозволена ни чаша вода, а камо ли јаболко или сок.

Кога ќе поминат 4 часа од појадокот, може да испиете чаша вода, а потоа нормално да ручате.

За ручек или вечера може да јадете што сакате, но сведете ја солта на минимум. Доколку ја намалите солта, овој режим на исхрана подобро ќе дејствува.

Единствениот недостиг на оваа терапија со ориз е губењето калциум. Поради тоа, би требало да јадете повеќе производи што содржат калциум.

За време на терапијата, некои луѓе се жалат дека се изнемоштени, но тоа е само знак дека вашето тело се чисти. Можно е да забележите слуз во урината, но и тоа е исто знак дека вашето тело се прочистува.

Оваа терапија се спроведува само еднаш годишно и тоа напролет, кога ни е подостапна свежата храна која максимално морате да ја додадете во исхраната.

За да го спречете губењето калциум за време на ова прочистување, јадете што повеќе кравјо сирење, суви сливи и кајсии, како и зеленчук.

Тие што ја практикувале оваа диета, велат дека за време на овие 40 денови ги изгубиле вишокот килограми, кои потоа никогаш не ги вратиле.