Синоќа пред полноќ, во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, син со нож го убил татка си.
Според информациите, починатиот е на возраст од 55-години.
Тој крварел на пат кон болницата каде се упатил за да добие помош, но патем им подлегнал на повредите. Кога пристигнале медицинските екипи таткото веќе бил починат.
На убиството претходела семејна расправија, велат полициски извори.
Убиецот, на возраст од 24 години, бил пронајден и приведен.