Пристигнаа првите засилувања на Вардар за наредната сезона

2969

Тимот на Вардар ја освои втората шампионска титула во клупската историја, но за раководството на „црвено-црниот“ тим нема пауза и тие веќе работат на склопување на тимот што ќе ги брани боите на европскиот шампион во следната сезона. Најавени се седум заминувања заедно со тренерот Парондо, но постојат шанси дел од нив да го продолжат престојот во Скопје и да не заминат во новите средини. Првото засилување веќе е потврдено, Русинот Сергеј Горпишин ќе го засили Вардар на пивотменската позиција.

Второто најверојатно ќе дојде од поранешниот европски првак Монпелје. Станува збор за голманот Никола Портнер, кој веројатно не сака да биде втора опција во францускиот клуб зад Марин Шего, па ќе ја прифати понудата од новиот европски шампион.

Портнер потекнува од школата на Берн Мури, пред да се пресели во швајцарскиот шампион Кадетен Шафхаузен. Таму помина две сезони, пред да замине во Монпелје, но таму во двете години не доби адекватен третман и минутажа во дуото со Венсан Жерар. Тој си оди во ПСЖ, но во Монпелје доаѓа Шего, па Портнер веќе дал согласност да премине во Вардар и прашање на време е кога овој трансфер ќе биде потврден.