Пример за мода: Ријана има едноставна формула за составување на беспрекорни “аутфити”

918

Забележавме дека пејачката во последно време употребува една иста формула кога ги одбира своите модни комбинации со кои секогаш го разгорува светот. Само еден ден откако заблеска на премиерата на филмот “Ocean’s 8” во металик виолетова тоалета, Ријана уште еднаш состави беспрекорен “аутфит” за отворањето на нејзината “поп ап продавница” во Њујорк.

Овој пат носеше свилен фустан во светло сина боја пол со волумен, геометрична чанта од брендот “Stalvey” во иста боја и сандали со провиден ремен и останати детали во сличните нијанси кои доминираа на нејзиниот “аутфит”.

Шминката овој пат не се совпаѓаше со остатокот од стајлингот и носеше розов кармин и права коса, но се чини дека Ријана ја пронашла формулата за составување на “аутфит” со кој не е можно да погрешите.

Таа докажала дека е можно да изгледате интересно и шик во иста боја од глава до пети, според изборите на пејачката, надевајќи се дека во иднина почесто ќе гледаме вакви комбинации, а дамите ќе го практикуваат примерот на Ријана.