Алиоски добива нов договор и плата од 120.000 фунти месечно

80

Езгијан Алиоски ќе биде награден со нов договор од управата на Лидс, откако челниците на клубот ја прифатиле сугестијата на Марсело Биелса и решиле да го задржат македонскиот репрезентативец на „Иланд Роуд“. Актуелниот договор на Алиоски истекува на крајот од сезонава, тој веќе во јануари ќе може да потпише преддоговор со друг клуб, поради што Лидс планира целиот процес на преговори и потпис да го заврши во следните триесетина дена. За Алиоски веќе е подготвен нов тригодишен договор со плата од 120.000 фунти месечно, што нашиот интернационалец би требало наскоро да го потпише.

Алиоски веќе собра 125 настапи во дресот на Лидс, постигнувајќи 20 голови севкупно во сите натпреварувања. Тој е значајна алка во тимот на Биелса иако не е секогаш стандарден првотимец, но аргентинскиот стратег е воодушевен од енергијата на македонскиот интернационалец ја внесува секогаш кога е на теренот.

Настапот на последниот меч со Арсенал само го потврди таквиот став на Биелса, па сега и челниците на клубот дале зелено светло за новиот договор со Алиоски што поскоро да биде потпишан.