Премиерот на Република МАкедонија, Христијан Мицкоски за утре најави нова странска инвестиција во вредност од шест милиони евра и нови 200 вработувања.
-Имаме процес инвестициски, во периодот кој што ќе следи новата инвестиција ќе биде утре. Тоа е турската компанија „Чагатекабло“ која што веќе функционира но тие ќе најават проширување. Дополнителна инвестиција од 6 милиони евра , за нови 200 вработувања. Ќе направат нов погон во кој што ќе го прошират својот произведен асортиман, изјави денеска премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско праашања.