Го сокрила под јакната: Медицинска сестра снимена како краде бебе

901

Жена од Колумбија била снимена како киднапира бебе од родители во болница, преправајќи се дека е медицинска сестра.

Леиди Џохана Диаз, облечена како болничарка, им рекла на таткото и мајката на девојчето дека мора да го носи на анализа. Тогаш бебето го ставила под јакна и тргнала да излегува од болница Мадера во Богота, но родителите и медицинарите кренале паника бидејќи нејзиното оправдување им било сомнително, соопштила полицијата.

Леиди била сопрена од обезбедувањето пред да ја напушти зградата, бидејќи на време биле активирани безбедносните протоколи.

“Жената ја минала првата контрола, но кога дошла кај последниот стражар тој ја сопрел за да и ја прегледа торбата и забележал дека се фатила за абдоменот. Кога ја прашал што носи, се вратила назад во болницата”, рекол инспекторот Вилсон Силва.

Набрзо била пронајдена и уапсена, а бебето им е вратено на родителите. Жената, според локалните медиуми, била на обука како медицинска сестра во истата болница во ноември минатата година.

На осомничената и е одреден притвор, а истрагата е во тек.