Преку ден е ММА борец, а навечер жена

1190

Професионалниот ММА борец, 41-годишниот Диего Гарихо, познат како Дос Пистолас (Два пиштоли) на „Инстаграм“ се отвори за неговата дополнителна страст – облекување како жена и настапите во клубската драг-сцена во Сан Диего.

Гарихо, по потекло од Гванахуато, Мексико, ја започнал својата кариера во ММА во 2006 година, остварувајќи импресивни седум победи пред да биде принуден да се повлече поради тешка пов*еда на окото. Исто така, постигнал одлични резултати во боксување без ракавици.

Но, ниедна бор ба во рингот, вели тој, не го мотивирала колку животната бор ба.

„Боречките вештини ни ја покажуваат убавината на луѓе кои пребродуваат големи пречки и отпор. Во драг станува збор за надминување на токсичната машкост. Обоените транс-лица се меѓу најугнетените луѓе во светот, со забележани највисоки стапки на самоу*иства. Тие треба да бидат поддржани наместо маргинализирани, вели Гарихо, кој на овој начин сака да ја подигне свеста во јавноста за транлицата“, вели тој.