Правила на додворување преку социјалните мрежи

84

Отпрвин тоа беше возбудливо, подоцна засрамувачки, а денес неминовно – признаваме дека сите барем еднаш сме се обиделе да освоиме девојка преку социјалните мрежи, пишува машкиот магазин Men’s Health.

Без оглед на тоа дали првиот пат сме ја забележале во тој виртуелен простор или сме ја запознале во диско, штом дојдеме дома ќе го пронајдеме нејзиниот профил и ќе ја додадеме за пријател. Скоро да не постои маж кој на овој начин не си ја пробал среќата.

Меѓутоа, иако веќе долго време сме на социјалните мрежи и сите се чувствуваме како „кралеви“, постојат неколку работи кои можат за секунда да ја поматат тешко стекнатата слава и да ја уништат шансата со некоја девојка.

Еве неколку правила кои не смеете никогаш да ги заборавите:

Употреба на смајли

Во сексуален контекст, емотиконите се логично глупави и досадни, детски.

🙂

Значи, ако сакате да оставите впечаток на зрел маж со самодоверба никако не ја завршувајте апсолутно секоја порака со смајли. Еден обичен е во ред, но замислете ви дојде порака од типот Што правиш? 🙂 Со кој? 😉 Не се шегувај со мене о_O едно по друго … инфантилно, нели?

Подобра е опцијата да разговарате како возрасна личност. Ваков детски вид на комуникација покажува дека не умеете да ги вербализирате вашите замисли, а тоа не ѝ е привлечно на ниту една девојка.

Не е важен само изгледот

Едно истражување покажа дека привлечноста се заснова на моментален впечаток, што значи дека не бараме само некој што убаво изгледа туку личност со која имаме исти интересни. Кога гледаме некоја личност не ја гледаме само нејзината биологија и физичките атрибути, туку и начинот на облекување и активностите на потенцијалниот партнер.

Значи, немојте само да се фотографирате во манекенски пози туку покажете и што книги читате, каде излегувате, што ве интересира.

Умереност

Ваквиот начин на запознавање дава безброј можности, а меѓу нив и тоа што многумина го користат, лагата.

Многумина се претставуваат во погрешно светло, па секогаш и тоа треба да го имате на ум.