Пожар во болницата „8 Септември“

1259

Пожар избувнал доцна синоќа во канцеларија во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје. Како што информираат од Министерството за здравство, причините засега не се познати.

„Опожарена е канцеларија, архивска просторија, во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје. Од пожарот повредени нема, други простории не се зафатени и причинета е материјална штета. Од страна на противпожарната единица пожарот е изгаснат“, велат од МЗ.

Од таму додаваат дека причините на пожарот ќе ги утврдат надлежните институции.

Од болницата велат дека во просторијата биле сместени документи стари неколку децении и кои веќе биле предмет на постапка на архивско уништување.

„Во пожарот не е уништен ниту еден документ кој по важечките прописи мора да е архивиран и да се чува со законски предвиден рок“, велат од ГОБ „8 Септември“.