Повеќекратно убиство во кумановско – Брат ја убил сестра си и нејзиниот син

199

Три лица денеска се застрелани, а двајца од нив починале, откако брат пукаше во својата сестра и нејзините два сина во кумановското село Габреш.

Од СВР Куманово и МВР потврдуваат дека има таков крвав настан и најавуваат повеќе информации.

Првично потврдуваат дека инцидентот се случил околу 12:25 во селото Габреш каде 66-годишен маж ја застрелал неговата сестра и двајцата нејзини синови односно негови внуци. 63-годишната жена и нејзиниот 38-годишен син починале на лице место. Третиот ранет е префрлен во кумановската болница. 

Напаѓачот е уапсен. Станува збор за нерасчистени имотно-правни односи.