После глумата Хурем зачекорила и во манекенските води, а ужива и во мајчинството

126

Турската ѕвезда Меријем Узерли го привлекуваше вниманието на гледачите со нејзината убавина и мудрост како Хурем султан во серијата “Величествениот”. Но, покрај тоа што во животот не ја следела среќата, изгледа дека сепак ужива во мирот и среќата.

Славната Хурем настојува да биде што подобра мајка за своите ќерки, 7-годишната Лара и Лоли Кои, која во јануари ќе наполни една година. Дека комплетно се посветила во таа улога покажуваат и секојдневните фотографии со ќерките кои ги споделува на социјалните мрежи.

Последната објава е токму за Божиќ. Покажа дека на девојките не им недостига забава, а открила и како го украсила домот.

Иако се вратила на својата прва љубов -глумата, изгледа дека Меријем зачекори и во манекенските води. Работи и како модел промовирајќи модни брендови, а моментално е заштитно лице на “Maison Novague” кој на пролет идната година ќе ја претстави својата прва колекција.

Пред да започне пандемијата, глумицата го снимила филмот “The Hive” во кој ја толкувала главната улога, а во Турција премиерно бил прикажан во септември 2020 година.

 

Глумицата во центарот на Берлин отворила и продавница со вкусни и здрави слатки задоволства “Nosh Nosh”.

“Ова е само почеток на едно преубаво патување. Почнувам во Берлин, а се надевам дека ќе се шириме низ цел свет. Јас и моите пријатели создадовме место каде ќе се чувствувате како дома додека уживате во слатките со најдобар квалитет”, рекла тогаш.