“Мојот поранешен сопруг имаше сомнежи кон таа терапевтка и нејзината секта. Еден ден ме стави пред готов чин: или тие или тој’, се потсетува Мишел Хунцикер која ја избра сектата наместо пејачот.
Така изгледа кога си дел од секта, те затегнуваат со јаже околу врат сè повеќе и повеќе, сè додека не ти го исперат мозокот, рекла глумицаа и поранешниот модел Мишел Хунцикер (41) за германскиот магазин Стерн.
Поранешната сопруга на пејачот Ерос Рамацоти (54) раскажа како 6 години била дел од сектата “Војници на светлината” и веруваше во нивната приказна за минатиот живот.

Мишел сметала дека му била сестра на Исус Христос, која се заљубила во римскиот војник и го издала својот брат и отишла со саканиот во Рим. Но, Римјаните не сакале да има врска со неа, па живеела во беда и сиромаштија и тоа беше казна за предавството.

“Таа сестра бев јас. Верував дека тоа бев во минатиот живот и дека на грбот ја носам таа вина”, рекла поранешната сопруга на пејачот.
Таа рекла дека со години немала секс и секогаш некој бил покрај неа како би ја контролирал, а четири години не разговарала со мајка ѝ и старите пријатели. Сектата ѝ го уништи бракот со Рамацоти со кој ја доби ќерката Аурора (21).

“Живеев во бајка. Ерос беше прекрасен, правеше сè за мене, но често беше на турнеја, а јас останував сама дома”, рекла Мишел. Глумицата вели дека на неа влијаеше детството, бидејќи родителите ѝ се развеле, а нејзиниот татко почнал да пие и изгубила контакт со него.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

