Арсенал повторно ќе носи „Адидас“

190

Фудбалскиот клуб Арсенал објави дека од наредната сезона играчите ќе бидат облечени во опремата на компанијата „Адидас“.

Арсенал од 2014 година го носи логото на „Пума“ на своите дресови, но челниците решиле не ја продолжуваат соработката со овој бренд туку да потпишат договор со најголемиот ривал на „Пума“, компанијата „Адидас“.

Клубот на социјалните мрежи објави дека од 1.јули 2019 година играчите ќе ја носат опремата на „Адидас“.

Инаку, Арсенал и „Адидас“ имаа соработка во периодот од 1986 до 1994 година, а потоа клубот 20 години, до 2014, соработуваше со „Најки“.

loading...