Врнежи од дожд во западните и северните делови од земјава се очекуваат од денеска попладне. На планините врнежите ќе бидат од снег.
Претпладне времето ќе биде облачно со утринска температура од -5 до 1 степен и дневна од 6 до 17 степени. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој краткотрајно ќе засилува долж Повардарието и во крајните западни делови.
Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до – 1, а дневната ќе достигне до 15 степени.
Синоптичарите најавуваат и за сабота умерен, а на места повремено и силен ветер од јужен правец.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















