Синоќа во Скопје полицијата повторно упадна во неколку скопски дискотеки, легитимирајќи ги посетителите. Очевидците тврдат дека специјалци со автоматски пушки ги заплашувале присутните, а сопственикот на клубот “Сектор” бил уапсен.
Забавата на скопјани синоќа повторно беше нарушена откако полициски службеници вршеле рација низ неколку од скопските ноќни дисктотеки. Помеѓу една од нив беше и дискотеката “Сектор” од каде на посетителите им било наредено да го напуштат местото со образложение дека има рација.
Сопственикот на ноќниот клуб “Сектор”, Огнен Узуновски бил уапсен поради тоа што се спротивставувал на ваквиот начин на контрола. Подоцна Огнен, објави статус на својот Фејсбук профил со кој им даде до знаење дека овој чин нема да го уплаши.
Настанот кој се случи синоќа предизвика голем револт и бес особено кај помладата популација, велејќи “Дали навистина луѓето што се журкаат во диско Ви се најголем проблем?”.