Николов: Секој ден живеам со сонот наречен Македонија на Европско!

51

Бобан Николов е херојот во македонската победа против Израел кој ни донесе трето место на крајот од групата во квалификациите за ЕП 2020.

Николов одигра одличен натпревар со многу истрчани километри, на крајот и извонредно реагирајќи во финишот на првото полувреме постигнувајќи го единствениот погодок на мечот за триумфален финиш на квалификациите. Но, фудбалерот на унгарски Мол Види вели дека ова е само почеток… Вистинскиот предизвик останува баражот од Лигата на нациите и полуфиналната пресметка со Косово во март.

„Секако среќни и задоволни сме што на ваков начин ги завршивме квалификациите. Стигнавме до третото место, иако останува жал за некои загубени бодови. Но сето ова е сега зад нас. Остануваме фокусирани на она што не очекува во март и натпреварот со Косово. Покажавме дека оваа генерација има сили да се избори за настап на Европско првенство. Верувајте секој ден живеам со сонот наречен ЕП. Сите го посакуваме местото на Европското првенство и ќе направиме се да дојдеме до тоа, се разбира и со поддршка од сите наши навивачи кои и тоа како ќе ни бидат неопходни“ – вели Бобан Николов.