Каде сега завршува нафтата од Венецуела? Американците вовеле строги санкции, но тоа не е најголемиот проблем! Еве кој купува

343

САД вовеле строги санкции на венецуелската нафтена индустрија за да извршат притисок на претседателот Николас Мадуро да поднесе оставка.

Нафтата доминира со економијата на Венецуела, и речиси целиот приход се остварува од извозот. 

Најголеми купци биле САД, Индија и Кина.

Меѓутоа, во текот на минатите децении, производството на нафта пропаднало и земјата е во длабока економска криза.

Каков ефект имаат санкциите и кој сега ја купува нафтата?

Санкциите ги блокираат американските компании кои работат со државната нафтена компанија на Венецуела, PDVSA, и замрзнуваат имоти на компанијата во САД.

Овие мерки не го исклучуваат увозот во целост, но бараат плаќањето да се врши преку сметки до кои венецуелската нафтена компанија не може да пристапи.

Санкциите исто така влијаеле на пристапот на хемикалии потребни за преработка на нафта.

Тешката сирова нафта во Венецуела е речиси цврста кога ќе излезе од земјата, така што не може да тече низ цевки.

Потребни се хемикалии и разредувачи за да се претвори во полесна супстанца.

Венецуела мора да ги увезува, а последните години доаѓале од САД, вели Шенон О’Нил, асистент на студиите за Латинска Америка при Советот за надворешни односи.

Руската компанија “Rosneft” наводно помага да се пополни овој посебен јаз.

Каде оди нафтата од Венецуела?

Моментално пред венецуелскиот брег има танкери кои држат 10 милиони барели нафта, велат од организацијата “Kpler”, која ја следи робата.

Тие првобитно биле наменети за САД, но биле блокирани како резултат од санкциите.

Венецуелската влада бара нови купци за својата нафта и вели дека сака да ги дуплира пратките во Индија.

Меѓутоа, иако неодамна дошло до зголемување на извозот во Индија, тој не е значаен, вели Самах Ахмед, аналитичар за сирова нафта во “Kpler”.

Извозот во Кина може да биде дисконтиран поради проблемите со квалитетот и конкуренцијата со блискоисточните произведувачи, вели Паола Родригез-Масиу, аналитичарка од “Ристад Енерџи”.

Но, секако постои побарувачка за тешка сирова нафта, каква што има во Венецуела.

Постои глобален недостиг поради санкциите за иранската нафта, додека пониското ниво на производство во канада, Мексико и земјите членки на OPEC исто така имале влијание.

Американските увозници ќе мора да пронајдат нови доставувачи на тешка сирова нафта, која се користи за производство на дизел гориво и млазно гориво.

“Венецуелската криза ја направи тешката нафта поскапа за САД”, вели Родригез-Масиу.

Но, тоа нема да и помогне на Венецуела, која бара нови пазари за нафрта во време на продлабочување на економската и политичката криза.