Полицијата уапси двајца од групата која украде сеф во Скопје

224

Уапсен еден од осмничените за кражбата на сефот во маркетот во Скопје за кое што кружеше и видео на социјалните мрежи, во кое се виде како крадците го ставаат сефот во возилото па им паѓа од него, за што го добија епитетот – најнесмасни крадци.

Осомничениот бил на возраст од 23 години. Како што соопштија од обвинителството, тие провалиле во затворен маркет во Скопје, во кои одзеле сеф, дневен промет и цигари во севкупна вредност од 285.000 денари.

Од Основното Јавно Обвинителство велат дека тие пристигнале пред маркетот и со хебла и клешти се обиделе да ја обијат вратата, но не успеале.

„Еден од сторителите го стартувал возилото и удрил со задниот дел кршејќи ги двете лизгачки врати. Потоа заедно со другите осомничени ги демонтирале и ги поставиле покрај влезот од маркетот. Преку така направениот отвор сега осомничениот заедно со другите лица влегол во просторијата наменета за вработени, од каде што го одзеле металниот сеф со дневен промет и цигарите, па заминале во непознат правец“. – велат од ОЈО.

Јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот, велат од обвинителството. Министерот Тошковски, пак објави дека се приведени уште две лица и, како што вели, кражбата е расчистена.

„Во врска со тешка кражба во маркет Рептил извршена на 1 април 2024 година во населба Црниче, Секторот за внатрешни работи Скопје презема оперативно-тактички мерки и истражни дејствија и ги лиши од слобода лицата В.З и В.Т од Скопје.“ – изјави Тошковски.

Приведениот, дваесет и тригодишник е осомничен за кривично дело тешка кражба.