Пожар во околината на Македонски Брод: Се делува со хеликоптер и сите три „Ер трактори“

51

Шумски пожар во тешко пристапниот планински предел над селото Локвица, во Општина Македонски Брод, денеска го гаснеле голем огнен тим на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптер на МВР.

Во акцијата биле ангажирани 25 доброволни пожарникари и петмина припадници на ДЗС, со поддршка од хеликоптер на МВР. објави Скопје1.мк

Пожарот се наоѓал далеку во планината, во правец кон ловиштето „Јасен“. Хеликоптерот вода полнел од монтажен базен поставен во близина, што овозможило брзо полнење и исфрлање вода врз пожарот.

Од ДЗС информираа дека станува збор за интервенција на поголем огнен тим за гасење на шумскиот пожар. објави Скопје1.мк