Вработена во Ковид Центар во Скопје: Немаме доволно кислород, треба некој да исклучиме за да уклучиме друг

829

Владини функционери си шетаат и нормално ќе се шири болеста. Си заминуваат на одмори, како да нема пандемија, ќе си дојдат од таму ќе го донесат новиот вирус, ќе почне да се шири и во Македонија. Јас работам во Инфективна, Ковид 19, жално е, луѓето молат за кислород. Нема никаков кислород, луѓе умираат…  на еден ќе треба да му го извадиме кислородот, за да му дадеме на друг. Нека си одат овие од власт ако не се способни, нека дојде некој што ќе ја води државата, вели гледачка која се јави во живо во емисијата „Збор по збор“ на Алфа ТВ.

-Јас работам во Ковид Центар во Скопје. 525 пациенти имаме во моментов и сите се критично, на респиратори, додава таа во траорното сведоштво.

Црната статистика постојано расте. Во последните 24 часа починаа уште 24 лица.

Во последните 24 часа се направени 4.094 тестирања, а регистрирани се 1.293 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 626, Прилеп – 88, Велес – 60, Гостивар, Кавадарци и Битола – по 48, Тетово – 46, Штип – 41, Неготино – 36, Охрид – 34, Струмица – 33, Куманово – 28, Кочани – 23, Радовиш – 18, Гевгелија – 17, Пробиштип – 12, Валандово и Демир Капија – по 11, Кичево – 10, Делчево – 9, Струга, Крива Паланка и Берово – по 8, Крушево – 6, Ресен – 5, Богданци – 4, Свети Николе – 3, Дебар, Виница, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани се 339 оздравени пациенти од:
Скопје – 220, Прилеп – 25, Гевгелија – 14, Тетово и Велес – по 9, Куманово – 8, Гостивар – 7, Струмица – 6, Крива Паланка и Богданци – по 5, Штип и Битола – по 4, Кичево, Берово и Демир Хисар – по 3, Кавадарци, Кочани, Пробиштип и Виница – по 2, Охрид, Неготино, Свети Николе, Ресен, Радовиш и Кратово – по 1 лице.

Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 49 – 90 години и тоа: 14 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2 и по едно починато лице се регистрира од Куманово, Битола, Кочани, Неготино, Радовиш, Берово, Богданци и Пехчево. Дваесет и три пациенти се починати во болнички услови, додека едно лице е починато во домашни услови.

Направени се 4.094 тестови преку: ИЈЗ-978, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-97, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ 8-ми Септември-0, Жан Митрев (Филип Втори)-177, Авицена-330, Биотек-374, Систина-349, лабораторија Лаор–318, Синлаб-88, Ремедика-36, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.281.

Досега во земјата се направени вкупно 575.162 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 115.222, бројката на оздравени пациенти е 99.015, на починати е 3.388, а бројот на активни случаи изнесува 12.819.

Извор kurir.mk