Погледнете како изгледа денес српската водителка на која автобус ѝ ја откина раката

1469

Една година после стравичната сообраќајна несреќа во која автобус ѝ ја откина раката, на српската водителка Деа Ѓурѓевиќ ѝ се случува нешто прекрасно.

Русокосата водителка минатиот месец одбележала една година од почетокот на нејзината најтешка борба во животот, а денеска со пријателите на Инстаграм споделила дека почнала да ги мрда прстите.

Водителката во изминатата година имала повеќе од 20 операции и е упорна, сака да биде што е можно подобра.

За српски „Курир“ рекла дека некогаш поради силните болки морале да ја успиваат иако била на морфиум. Денес зема комбинација од лекови и учи да се носи со болките.

„Мојот терапевт се радува кога ме боли раката, вели дека тоа е добар знак, дека раката заздравува“, рекла водителката.