Почина Хакани, шефот на исламистичката мрежа во Авганистан

274

Џалалудин Хакани, основачот на моќната исламистичка бунтовничка мрежа Хакани, многу активна во Авганистан. почина после долго боледување, јавуваат талибанците.

“Како што се справуваше со големите предизвици за верата на Алах во текот на младоста, иако беше со добро здравје, поднесе и долга болест во последните години”, пишува во соопштението.

Џалалудин Хакани во доцните 70 години ја соноваше истоимената мрежа за борба против СССР во Авганистан, која доби помош од САД и Пакистан.

Министер на Талибанците

Министерот на талибанскиот режим во 90 години, Хакани во 2001 се сврти против американските сили и НАТО кои го срушиле фундаменталистичкиот режим.

Мрежата Хакани фракција е составена од авганистански талибанци, наводна која е блиска со Ал Каеда, која изведе бројни напади во Авганистан, некои против САД и НАТО. исто така осомничена е и за поврзаност со организацијата на Исламската држава која водеше крвави битки во Кабул.