Како патувањата надвор од Македонија да ве чинат помалку и да ви траат подолго?

1020
Посакувам да посетам што е можно повеќе држави во светот, но свесен сум дека секое стапнување надвор од Македонија чини и за брзо време може да ми ја проголта целата заштеда. Токму поради таа причина, решив да се препуштам во истражување и експериментирање на тоа како моите патувања можат да траат подолго.

interesni-opcii-so-koi-patuvanjata-kje-traat-podolgo_6.jpg

Сега нема да зборувам за автостоп, мислам дека доста имам кажано за оваа тематика, но постои една друга и поевтина опција што ја имам сретнато низ Европа. Станува збор за страницата www.blablacar.com, која во моментот е активна во 22 европски држави.

Приказната зад оваа интернет платформа е многу едноставна. Возачите кои патуваат сами  на подолга релација ја објавуваат рутата на страницата каде други луѓе се пријавуваат да дојдат заедно со него, на тој начин што сите заедно учествуваат со одредена сума на пари. Многу поевтино од друг вид на транспорт.

И да, безбедно е. Нема потреба да се грижите што ќе се возите заедно со непознати во ист автомобил.

interesni opcii so koi patuvanjata kje traat podolgo 5

Верувам дека многумина од вас имаат слушнато за www.couchsurfing.com – интернет страницата која овозможува бесплатно сместување насекаде низ светот. Но да се разбереме, тоа е многу повеќе од само ноќевање и искористување на нечиј кревет. Целта секако не е бесплатното сместување и желно очекувања на полупансион.

FotoJet4 1

Главната придобивка на веб-сајтот е запознавање на нови луѓе, дружење и впуштање во интересни активности кои на секого ќе му помогнат да излезе од познатиот терен. Да се откријат животните навики на мештаните од местото каде што го посетуваш и да се измеша со тој свет е значителна придобивка од која сите може да станеме побогати.

interesni opcii so koi patuvanjata kje traat podolgo 1

И последната платформа од листата е www.workaway.info, која веќе со години е актуелна и има милиони корисници. Оваа заедница на слободоумни луѓе имаат за цел да споделуваат добра со патувачи кои додека се наоѓаат на нивните патувања да придонесуваат за општествата во кои се наоѓаат. Или ако се поедностави ова би звучело вака.

interesni opcii so koi patuvanjata kje traat podolgo 3

Работиш четири-пет часа главно во рурални средини, но има и многу егзотични и урбани опции, и за возврат добиваш сместување, храна и можеби, некој скромен џепарлак.

Како и да е навистина е кул и секој млад човек треба да ја испроба оваа волонтерска можност.

interesni opcii so koi patuvanjata kje traat podolgo 9

Ако сметате дека би се пронашле себеси во некои од овие активности, тогаш не пропуштајте ја можноста да се испробате и надополните. Среќно!