Почина човекот кој во 2017 година му ја спаси кариерата на Ибрахимовиќ: “Сѐ уште сум на врвот благодарение на него”

147

Човекот кој е заслужен за тоа што кариерата на шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ сѐ уште трае и е еден од најпознатите хирурзи, Фреди Фу починал после тешка борба со канцер.

Фу е роден во Хонг Конг, а кариерата ја градел во САД, каде стана претседател на Американската ортопедска заедница за спортска медицина во 2008 година.

За време на кариерата добивал и разни награди од областа на хирургијата, а со операцијата на коленото му помогнал на напаѓачот на Милан во најтешките моменти да ја продолжи кариерата.

Ибрахимовиќ пред четири години на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Андерлехт во четвртфиналето на Европската лига доживеа повреда после која што многумина мислеа дека тоа ќе биде крај на неговата кариера.

Меѓутоа, доктор Фу и неговиот тим успешно го оперирале Швеѓанецот во Рим, а после опоравувањето Ибра преминал во Лос Анџелес Галакси, каде поминал две одлични сезони.

“Фреди Фу ми овозможи уште една шанса во кариерата. Сѐ уште сум на врвот благодарение на него. Му должам сѐ. Фала Фреди. Почивај во мир”, напиша Златан под фотографијата со тетоважата која му ја посветил на овој доктор.