Што не треба да правите на првиот состанок, ако сакате да има втор?

166

Психолозите имаат неколку совети за тоа што не треба да го правите на првиот состанок со личноста која ви се допаѓа, за да не оставите лош впечаток.

Првите состаноци се многу збунувачки. На почетокот се надевате дека ќе пиете кафе со љубовта на вашиот живот, за потоа да се вратите дома разочарани, прашувајќи се зошто не останавте дома.

Ова се неколку совети за тоа што не треба да го правите на првите состаноци, ако сакате да има втор:

Не исчезнувајте по 15 минути

Често е тешко на првиот состанок да се пронајде тема за дискусија, особено ако потенцијалниот партнер е тивок и одговара само на прашања. Но, немојте да исчезнете со изговор дека веднаш треба да завршите нешто дома, штом ќе немате теми за разговор.

Тоа е кукавички и патетично. Ако веднаш сфатите дека од состанокот нема да излезе ништо, бидете пристојни и останете додека не го испиете кафето.

Психолошки игри

Не употребувајте „психолошки игри“ на состаноците, особено не на првиот состанок.

Овие трикови обично не поминуваат кај луѓе кои сакаат сериозна врска.

Не зборувајте за иднина

Кога сте на првиот состанок со некоја личност што ви се допаѓа, можеби веќе ја планирате свадбата во главата. Колку и да е забавно да се фантазира за заедничка иднина со некој што не го познавате добро, не зборувајте за тоа на првиот состанок.

Фокусирајте се на овде и сега, наместо да барате од вашиот потенцијален партнер да ви се придружи на настанот што ќе се одржи, да речеме, за еден месец. Колку и да ви се допаѓа, сè уште е премногу рано за овие разговори.

Не поставувајте премногу прашања

Не се однесувајте како да сте на интервју за работа. Можеби сакате да знаете сè за потенцијалниот партнер, но некои прашања не се за првиот состанок.

Поставувајте прашања, но немојте да бидете премногу агресивни и да поставувате интимни прашања.

loading...