По Роналдо, уште еден играч на Реал Мадрид посакува трансфер во Јувентус

101

Медиумите во Италија пренесуваат дека уште еден член на шампионската генерација на Реал Мадрид сака да се пресели во редовите на Јувентус.

„Тутоспорт“ објавува дека Марко Асенсио побарал од неговите агенти да издејствуваат трансфер во Торино каде повторно би станал соиграч на Кристијано Роналдо.

Според весникот, наводно Асенсио дошол до заклучок дека треба да заигра во Торино и по препорака на Алваро Мората кој му кажал дека го поминал најубавиот период од животот додека настапувал за Јувентус.

Асенсио беше споменуван како наследник на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид, но по најновите најави изгледа и тој ќе бара билет од Мадрид во еден правец.

loading...