Интернетот е преполн со видеа во кои главни актери се папагалите. Некои пејат, некои ги имитираат гласовите на своите сопственици, а некои дури и пцујат.
Домашните миленичиња нѝ носат радост во нашите животи на разни начини. Некогаш нѝ изнудуваат насмевка на лицето, нѐ учат на нови работи и со нив растеме. Доказ за тоа е и ова папагалче кое секојдневно ги забавува и развеселува своите сопственици, а дефинитивно на нив никогаш не им е здодевно во домот.
Папагалчето Фиби често имитира разни звуци, џинглови од реклами и светски познати песни. Овој пат, ова милениче одлучило да ја отпее познатата детска песничка “If You’re Happy and You Know It”, но не го воодушеви светот само со пејачките способности – папагалчето наместо ракоплескање, удирало со клунот по масата и со тоа ја заокружило целата приказна.
Сигурни сме дека ова видео ќе ви го разубави денот како што им го разубавил и на корисниците на социјалните мрежи.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



