Почитувани во текот на следните неколку денови секако почнувајќи од денес (четврток) ве советуваме да не патувате во соседна Грција каде планирате одмор поради тоа што времето во никој случај нема да ви послужи.
На многу места ќе има поројни дождови, силни ветрови, град и силни електрични празнења кој на повеќе места можат да условат локални поројни поплави.
На Македонците пак кои се веќе таму ги советуваме во случај на појава на невреме да бидат МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ.
За оваа држава веќе е вклучен и ПОРТОКАЛОВ метеоаларм кој укажува на голема опасност од НЕВРЕМЕ.
На следната метеоролошка карта можете да погледнете и самите кој предели би биле најпогодени од невремето:
Превземено од skopje24.mk