Во периодот од 13 мај до 28 јуни 2019 година, граѓаните на Скопје ќе можат без камата да ги платат заостанатите сметки за вода и за собирање и транспортирање комунален отпад!
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известуваат корисниците коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и за собирање и транспортирање комунален отпад (тужен и редовен) дека имаат можност истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.
Можноста корисниците да го платат долгот без пресметана камата е со определено времетраење во предвидениот рок, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















