Годинава ваучери од 12.000 денари: Еве кој ќе има право на користење

202

Заврши јавниот повик за пријавување на сите категории и лиценцирани угостителски објекти за сместување и туристички агенции, кој траеше до 31 мај, се финализира и списокот на хотели и сместувачки капацитети во кои граѓаните со ниски приходи ќе можат да ги искористат ваучерите за летен одмор. Имаше голем интерес на хотелите, а сега на ред се да се пријават граѓаните за ваучер од 200 евра за летен одмор.

Главната цел е да им се овозможи годишен одмор на лицата со ниски приходи а истовремено да им се помогне на туристичките центри да го зголемат обемот на работа.

Годинава вредноста на ваучерот ќе изнесува 12.000 денари. Право на користење ќе имаат сите граѓани кои ќе се пријават, а чии месечни примања во семејството не надминуваат нето износ од 30.000 денари.

Заради поголема посетеност на домашните туристички центри, вредноста на ваучерот се дуплира особено по намалениот обем на работа во угостителската дејност, поради кризата со болеста.

Хотелиерите тријат раце затоа што туризмот конечно ќе се помести од точка на мирување. Традиционално, најпосакувани домашни летни дестинации се Охрид и Струга, потоа Дојран и Преспа, а секако да не ги изоставиме и хотелите во зимските туристички центри – Маврово, Попова Шапка, Берово и Пелистер.