Скопјанец загина во пожар во Сопиште

1072

Вчера во 20,20 часот на улица “1” во село Сопиште, скопско настанал пожар во куќа, по што опожарени биле две соби, a во една од собите било пронајдено телото на П.С.(70) кој подолг период бил неподвижен.

Според информациите на МВР починатиот живеел со неговиот син, кој во моментот на пожарот не бил дома.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Од страна на екипа на Противпожарна единица пожарот е изгаснат.