Руски морнар кој наводно бил во алкохолизирана состојба кон крајот на февруари предизвика судир така што товарниот брод кој го управувал удрил во мост во Јужна Кореја.
Бродот “Sigrand” кој пловел под руско знаме направил дупка од пет метри кога удрил во мостот во пристаништето Бусан, објавуваат руските медиуми, повикувајќи се на јужнокорејскиот медиуми.
Капетанот кој управувал со бродот од 6.000 тони е уапсен, а утврдено е дека има зголемено ниво на алкохол во крвта, пренесува јужнокорејската агенција Јонхап.
Никој не пријави дали има повредени, но делови од мостот се затворени од претпазливи мерки, се наведува во соопштението.
“Властите исто така се обиделе да утврдат зошто бродот се упатил кон мостот, кога требало да се движи во друга насока”, пренесува агенцијата.
Капетанот наводно го игнорирал предупредувањето од крајбрежната стража да го промени правецот, бидејќи не разбирал добро англиски јазик, пренесува RBC.
Помалку од еден час пред да го оштети мостот, бродот удрил во брод за крстарење кој бил укотвен на истото пристаниште, пренесуваат медиумите.














![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)























