Тајната на сопругата на Хабиб: Ја бирал дедо му, никој не ја видел 5 години

1279

Познато е дека Хабиб Нурмагомедов е оженет и има две деца, но од 2013 година уште на јавноста не и е познат идентитетот на неговата сопруга.

Во согласност со своите ригорозни муслимански обичаи, тој своето семејство не го изнесува на јавноста, па поради тоа сега е уште поинтересен за светските медиуми. Со сопругата има ќерка и син, но интересно е тоа што таа била избрана од дедото на Хабиб кој се смета за светост во некои муслимански семејство. Борецот пред дедото донел шест жени, а “главата на фамилијата” ја избрал “вистинската”.

“Имаше само 22 години, ја познаваше сопругата, но се советуваше со дедото. Се сеќавам дека зборуваше со шест девојки, но мораше дозвола да даде дедо му”, открил член на семејството.

Нурмагомедови живеат во главниот град на Дагестан, Махачкала, а фотографии од сопругата на Хабиб не можат никаде да се најдат.