Петличковски: Состојбата е одлична, но колективен имунитет не е возможен

74

Александар Петличковски, директорот на Институтот за имунологија, не сака да прогнозира кога точно ќе заврши пандемијата, водејќи се од ланското искуство.

Петличковски во Дневникот на ТВ Сител рече дека сепак нема место за таков бран како оној ланскиот кога заврши летото.

„Мал дел отпаѓа на имунизираност и прележана болест, но и условите не му одговараат, а може и да има нешто во вирусот што го прави таков“, вели Петличковски на прашањето зошто Ковид-19 слабее налето.

Рече дека мал дел од заслугата за ваквите бројки отпаѓа на бројот на имунизирани и прележани пациенти со вирусот Ковид-19, но појаснува дека можеби летото не му дозволува на вирусот толку да се шири.

„Можеби има уште нешто во биологијата на вирусот кое го прави да стигнеме од такви драстрични страшни бројки, со десетици мртви на три вкупно новодијагностицирани случаи и николку во болниците. Тоа е микс од разни околности кои не носат во оваа одлична состојба во овој момент“, рече Петличковски.

Вели дека пред една и пол година предвидувањата, односно пресметките биле дека 60 отсто имунизирани преку вакцина или природен пат се потребни за колективен имунитет, но дека сега прагот е кренат до 85 проценти за вирусот да нема каде да се шири.

„Колективен имунитет не е возможен, има појава на нови соеви, а покрај тоа никогаш нема да постигнеме 100 отсто вакцинираност. Дополнително, има луѓе кои не пристапуваат кон втората доза. Затоа, тоа реално нема да се случи“, додава тој.