Вицепремиерите Артан Груби и Љупчо Николовски вчера попладне излегоа со заедничко соопштение по најавата на премиерот Зоран Заев дека очекува предлог за разрешување на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.
Според нив, владата нашла решение за деценски проблем, со кое не станува збор за нови вработувања, туку обезбедување конкретни ангажмани за вработени лица кои со години не добиваа никакви работни задачи од институциите.
Тие во своето заедничко соопштение истакнаа и дека според членот 6 барањето на заев за разрешување на Пауновски било законско.
Во соопштението од вицепремиерите исто така стои дека заев го побарал пауновски, но тој не одговарал на неговите повици. Инаку петиција за повлекување на најавата за разрешување на директорот на пазарен инспекторат Стојко Пауновски потпишуваат вработените во оваа институција покрај петицијата, вработените најавија и протести доколку владата го разреши.
Директорот Пауновски одби да ги прими „рамковно“ распределените вработените кои досега седеа дома, а земаа плата бидејќи како што истакна дел од нив немаат соодветвно образование, а дел сакале да работат само во три града во западна Македонија додека во источниот дел на земјата како што вели тој инспектори речиси и воопшто и да нема.