Пејачи, менаџери, крал на бакар, а сега и сопственик на винарија: Сите мажи на Северина

293

Пејачката досега била свршена дури шест пати, и токму затоа ја боди титулата „Кралица на свршувачките“

Северина со години е во фокусот на медиумите. Те се скарала со дечкото, се налутила на сопругот, си отишла, се вратила, за неа редовно сепишува во медиумите.

А, во последните месеци, а особено во последните две недели медиумите пишуваат за распадот на бракот на Северина со поранешниот фудбалер Игор Којиќ. Но, особено се „шишка“ деновиве дека Севе има нов дечко. Според некои медиуми таа од летото е во врска со винарот Томислав Воштиниќ, кој 10 години е помлад од неа – но, тимот кој што стои позади пејачката ги демантираше ваквите наоди и потенцираа дека станува збор за пријател од потесното нејзино опкружување.

Пејачката зад себе има бурен љубовен живот, помлади, но и постари емотивни партнери со кои порано беше во врска, а бидејќи беше свршена шест пати, ја има титулата „кралица на веридбите“. Во оваа прилика ги претставуваме сите партнери на Северина.

Првото момче кое Северина не го криеше од јавноста е вокалистот на групата „Којоти“, Ален Марин. Имаа кратка и бурна врска на почетокот на 90-те. Марин ја побара за жена, но брзо потоа се разидоа без фама во медиумите. Несудениот сопруг на сплитската пејачка подоцна се ожени со актерката Горана Врдољак со која има ќерка.

Сите се сеќаваат на нејзиното „домашно видео“. Во јавноста се појави летото 2004 година кога Северина беше верена со бизнисменот Среќко Варгек. По аферата, двојката ја прекина врската.

Следната година пејачката се заљуби во тогаш 26-годишниот бизнисмен Мате Чуљак. Заедно беа повеќе од една година, а во меѓувреме и се верија. „Се разделивме како пријатели, немаше трета личност во нашата врска“, изјави во тоа време Северина.

Летото 2008 година почна да се забавува со Славко Шаиновиќ, бизнисмен и поранешен келнер. И со него се вери.

Медиумите пишуваа дека конечно го пронашла вистинскиот партнер, но по три години во нејзиниот живот се појави Милан Поповиќ во кој наводно се вљубила додека му пеела на роденденската забава. Со српскиот „крал на бакарот“, како што го нарекуваат медиумите, Северина се реализира и како мајка.

Во ноември 2015 година се омажи за поранешниот фудбалер Игор Којиќ.

Нивната врска од почетокот беше проследена со доста скандали и шпекулации, а деновиве во медиумите се пишува дека нивниот брак е пред распад.

 

Деновиве во медиумите се „шушка“ за наводно новата врска на пејачката со винарот кој има 38 години, Томислав Воштиниќ.