Раимундо Аруда Собирино е Бразилец кој живее во Сао Паоло повеќе од 35 години. Без оглед на тешките услови за живеење, тој никогаш не престана да работи на неговото омилени хоби – пишување песни.
Стариот бездомник секој ден седеше на истото место и ги запишуваше своите стихови.
Минувачите не го забележуваа премногу, зашто за нив беше само еден валкан и парталав бездомник, но не и за Шел Монтеиро.
Имено, уште во 2011 година оваа млада госпоѓа забележа дека во прашање е посебен и талентиран господин чиј живот, за жал, тргнал во погрешна насока. Таа секој ден доаѓала да го поздрави, да го бакне и да му каже неколку убави зборови. Таа забележала дека постојано пишувала нешто, па затоа тој еден ден и ги покажувал своите песни и открила дека од секогаш неговиот сон бил да објави збирка песни. Шел откако ги прочитала песните беше фасцинирана од неговата работа и одлучи да му помогне. Направи страница на Фејсбук за него и тоа му го промени животот.
Луѓето дознаа за неговата приказна и конечно почнаа да го забележуваат. Му носеа подароци, дојдоа да го пречекаат, го фалеа неговиот талент … Откако го видел на Фејсбук, го контактирал и неговиот брат кој не видел со децении и го замолил да дојде да живее со него.
На Рајмунд по ова животот целосно му се променил. Поетот сега веќе не е бездомник, го средил својот изглед и активно работи на објавување на своите книги.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)


























