Партијата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе побара од државната изборна комисија повторно да се пребројат сите гласови во Истанбул, по локалните избори минатата недела, изјави висок партиски функционер.
Опозициската Републиканска народна партија ја презеде контролата во Анкара и освои тесна победа во Истанбул, пренесе „Ројтерс“.
Партијата на Ердоган, АКП, веќе се пожали на резултатите и во тек е делумно ново пребројување на гласови во неколку области и целосно пребројување во други.
Али Ихсан Јавуз, заменик претседател на АКП рече дека партијата ќе побара целосно ново броење на гласови во 38 делови од Истанбул, наведе „АП“.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















