Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите

236

Политичката партија Десна на својот официјален Фејсбук профил, објави наводно писмо од својот поранешен лидер Љупчо Палевски, кој се уште чека екстрадиција во земјава и судска постапка, како првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Според објавеното, писмото е упатено до министерот за правда Кренар Лога, пишувано лично од Палчо на 29 април и во него, Палевски тврди дека барал забрзана екстрадиција додавајќи дека таа била одобрена уште на 17 јануари, но Лога не сакал Палевски да се врати додека трае кампањата за изборите. 

Министерот Лога на почетокот на неделава на својот профил на социјалните мрежи објави дека Турција позитивно одговорила на барањето за екстрадиција на Палевски. 

Љупчо Палевски Палчо во Македонија е осомничен за двојно убиство, на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.

Палевски е во бегство од крајот на ноември минатата година. Убиството на Вања Ѓорчевска беше извршено по нејзино грабнување додека одела во училиште. Таа беше ликвидирана во близина на Скопје.

За убиствата се осомничени уште 4 лица меѓу кои и таткото на убиената Вања, кој минатата недела беше пуштен во домашен притвор.