Оваа старлета му помогна на Огњен Врањеш да ја заборави Јелена Карлеуша

259

Порно-аферата меѓу Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш е неколку недели топ-тема во медиумите низ целиот Балкан, а и пошироко. Земајќи предвид дека протагонистите во љубовниот триаголник се познати во повеќе земји во регионот (Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Турција, Грција, Белгија, Кина…), новинарите будно го следат секој чекор на поп-пејачката, нејзиниот сопруг Душко Тошиќ и на љубовникот Огњен Врањеш.

И додека се’ погласни се „муабетите“ дека сите тројца „дебело“ профитираа врз основа на скандалот што го потресе Балканот, добивајќи на публицитет и проширувајќи го паричникот (цената на настапите на Јелена Карлеуша е дупло повисока откако „протекоа“ нејзините голи фотографии, а и бројката на нејзините следбеници на Инстаграм е над 2 милиона), тие во јавноста глумат „жртви“, пред се’ Јелена, чиј став е дека целата приказна е наместена, невистинита, со цел да и’ се нанесе штета – духовна, емотивна, материјална…

Па така, на доделувањето на регионалните музички награди во Белград, сите погледи беа вперени во контроверзната пејачка, која имаше спектакуларен настап и промоција на новата песна „Лајк“, нејзиниот сопруг споделува фотографии од хедонизмот во кој ужива во Дубаи, а Огњен Врањеш одлучи викендов да „скокне“ до Атина и да го одгледа дербито меѓу АЕК и ПАОК. Земајќи предвид дека пред потпишувањето на договорот со беглискиот гигант Aндерлехт, Огњен играше во редовите на АЕК, навивачите на атинскиот ФК го дочекаа со воодушевување.

Грчките ТВ-камери и фоторепортери го следеа секој неков потег на трибината со навивачите на АЕК, како да се работи за најголемата ѕвезда на атинскиот клуб (повторно благодарение на сензационализмот стекнат со порно-аферата со Јеца), а Огњен им се обрати на „браќата“ на својот инстаграм-профил, a за грчките медиуми изјави дека одвај чека да се врати во АЕК и повторно да живее во Атина.

По натпреварот, Врањеш продолжи со забавата во грчката престолнина, и тоа во друштво на младата старлета Елена Кремлиду, која нивното ноќно излегување го овековечи со фотографија објавена на својот инстаграм-профил. На фотографијата, говорот на нивните тела јасно кажува дека се „блиски“, но не на „пријателски“ или, не дај Боже, „фамилијарен“ начин…

Очекувано, овој нејзин потег веднаш им го привлече вниманието на грчките новинари, па медиумите ги преплавија написи дека токму Елена е девојката која му помага на Огњен Врањеш да ја преболи Јелена Карлеуша. За неговата изневерена сопруга – никаде ништо не се пишува, како да станува збор за слободен маж – Дон Жуан, кој се впуштил во љубовна афера со позната пејачка, мажена со негов колега… А можеби е и подобро така, барем некој да најде трошка мир во целава оваа мешаница, доколку е возможно такво нешто.

View this post on Instagram

Γκρινιάρα

A post shared by Elena Kremlidou (@elena_mariposa) on

View this post on Instagram

Happy family!!!

A post shared by Ognjen Vranjes (@ognjen_vranjes) on